Достапни линкови

logo-print

Ален - Рано е за утврдување на динамиката за повлекување од Авганистан


Американскиот генерал Џон Ален.

Американскиот генерал Џон Ален.

Командантот на меѓународните сили во Авганистан, американскиот генерал Џон Ален, изјави дека пред да направи какви било препораки за бројот на војниците што ќе се повлечат од земјата и за брзината со која ќе се повлекуваат, треба да се согледа до каде е војната во Авганистан и како напредува авганистанската војска. Американските војници заедно со најголемиот дел од странските сили треба да се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година. Ален до крајот на летото треба да повлече околу 33 илјади американски војници од Авганистан, а во земјата ќе останат уште 68 илјади американски војници.
XS
SM
MD
LG