Достапни линкови

Оланд сака Грција да остане во Еврозоната


Францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата со шпанскиот премиер Маријано Рахој во Париз изјави дека е цврсто решен да направи се` со цел да ја убеди Грција да остане во Eврозоната, а Европејците во потребата да ја задржат Атина во монетарната унија. „Ова не е залог само за Грците, ова не е залог единствено за еврозоната, ова е залог за Европа и за условите за раст во Еврозоната“ рече Оланд. Францускиот претседател изјави дека не е запознат со наводната препорака на еврогрупата до земјите-членки на ЕУ да се подготвуваат за евентуално излегување на Грција од монетарната унија.
XS
SM
MD
LG