Достапни линкови

Асанж чека одлука за барањето за екстрадиција


Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж идната недела ќе знае дали неговото барање да не биде екстрадиран во Шведска е одобрено или не. Британскиот врховен суд соопшти дека одлуката за неговиот случај ќе биде обелоденета на 30 мај. Адвокатите на Асанж бараат британскиот суд да го прогласи за невалиден налогот за апсење на нивниот клиент. Основачот на интернет порталот се соочува со обвиненија за сексуален криминал за време на неговата посета во Шведска во 2010 година. Инаку, интернет страната „Викиликс“ е забавена во изминативе неколку месеци поради проблеми со финансирање на интернет изворот на доверливи документи.
XS
SM
MD
LG