Достапни линкови

Власта и опозицијата се расправаат за економскиот раст


За СДСМ изјавите од Владата за растот на македонската економија се признавање дека годинава ќе има стагнација. „Изјавата дека Владата ќе го смета за одличен успех секој раст поголем од нула, по големите најави за раст од 4,5% од пред само неколку месеци е само потврда дека власта го загуби компасот“ рече потпретседателот на опозициската партија Зоран Јовановски. Тој додаде дека најпрвин прогнозата за растот годинава власта ја намали од 4,5 проценти на 2,5 и ќе прави ребаланс на буџетот и дека сега зборува за каков било раст поголем од нула.
ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна смета дека Јовановски е „ во конфликт со сите меѓународни финансиски институции и нивните проекции“. „За тоа потврда е и денешното рангирање на Македонија од страна на Европската банка за обнова и развој како земја со највисок раст на економијата во регионот. Ова го потврдија и сите други релевантни финансиски институции како ММФ, Светска банка и ред други“ стои во реакцијата.
XS
SM
MD
LG