Достапни линкови

logo-print

Грција ќе штеди на следните избори


Трошоците за парламентарните избори во Грција на 17 јуни ќе бидат за 30 проценти помали во споредба со расходите за изборите на 6 мај, одличија членовите на меѓупартиската изборна комисија, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Андонис Манитакис.Со одлуката е предвидено трошоците од 60 милиони евра да бидат намалени на околу 40 милиони евра. Партиите го прифатиле намалувањето на финансирањето за изборите за 50 проценти, од шест милиони евра на три милиони евра.
XS
SM
MD
LG