Достапни линкови

logo-print

Рекордна смртност на новороденчиња, пациенти умираат поради немање лекови. Здравството никако да оздрави.

Во првите три месеци од годинава починале 61 доенче, пред неколку денови почина жена на ортопедија поради немање протези, медиумите се преполни со приказни на незадоволни пациенти.
Порано пред десетина години кога немаше лекови, на пациентите им се кажуваше да ги купат сами, тоа не беше добро меѓутоа го спасуваше животот, сепак одвај купуваа лек. Сега не смеат тоа да им го кажат на пациентите, забрането им е, меѓутоа ако го немат лекот или не го набавуваат бидејќи немаат средства, пациентот страда.

Поранешниот директор на фондот за здравство, професор Никола Пановски вели дека очигледно е оти состојбата во здравството не е како што треба. Тој вели дека не смее во 21 век смртноста на новородењчињата да расте. Со ваквата висока бројка Македонија се става во редот на земји кои биле далеку поназад од нас, во однос на здравствените услови. Според него, треба да се преземат мерки во раководењето на здравствените установи, бидејќи не се поставуваат најстручни и најкомпетентни лица.

„Значи една клиника би требало да го води здравството во цела Македонија, да ја води авторитет, особено кога се вика Универзитетска, да ја води универзитетски човек, да биде авторитетен човек кој ќе може да ги пренесе своите знаења и контрола врз сите установи низ Републиката. Да не зависи од партијата која го поставила на власт и да гледа дали ќе го спроведе тоа што партијата го бара и гледа некакви афери да не излезат во јавноста, тоа им е главно.“
Тоа е една основана и објективна критика, која што никој не може да ја скрие. Значи сите ние можеме да видиме каде се инвестираат денеска пари, конкретно во скопје на сметка на тоа што би можеле да се инвестираат пари во здравство.

И буџетите на болниците се ограничени, од кои огромни средства одат за тековни трошоци, а не за ургентни случаи, додава Пановски.

„Порано пред десетина години кога немаше лекови, на пациентите им се кажуваше да ги купат сами, тоа не беше добро меѓутоа го спасуваше животот, сепак одвај купуваа лек. Сега не смеат тоа да им го кажат на пациентите, забрането им е, меѓутоа ако го немат лекот или не го набавуваат бидејќи немаат средства, пациентот страда.“

И експертот за јавно здравство Владимир Лазаревик вели дека здравството не е на посакувана стапка на развој и се соочува со многу проблеми за чие решавање никогаш нема доволно пари.

„Граѓаните секогаш имаат поголеми потреби и секогаш е потребно да се надополнуваат средства. Практично кај нас тоа се случува што граѓаните плаќаат пари од џеб за да се лекуваат, дали да се лекуваат на приватно или да купат нешто некаков вид на медицински потрошен матријал, кој што го нема во одредена болница. “

Според него, доколку се направи споредба денес што и е приоритет на власта и колку средства се одвојуваат за непродуктивни трошоци, има простор за критика.

„Тоа е една основана и објективна критика, која што никој не може да ја скрие. Значи сите ние можеме да видиме каде се инвестираат денеска пари, конкретно во скопје на сметка на тоа што би можеле да се инвестираат пари во здравство.“

Во меѓувреме владата најави дека ќе гради нов Клинички центар кој ќе чини 50 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG