Достапни линкови

logo-print

Во Багдад состанок на светските сили со Иран


Багдад

Багдад

Претставници на Иран и на шестте светски сили денеска во Багдад ќе се обидат да најдат начин за излез од ќорсокакот околу иранската нуклеарна програма. Последните вакви разговори што се одржаа во април во Истанбул не донесоа напредок. Пред денешните разговори Иран објави дека принципелно се согласува да дозволи инспекција од страна на Обединетите нации. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак ваквиот потег го оцени како уште едно иранско залажување на меѓународната заедница со цел да ги избегне санкциите. Иран демантира дека има амбиции да развие нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG