Достапни линкови

Украински функционер продавал олимписки билети


Сергеј Бубка

Сергеј Бубка

Генералниот секретар на Украинскиот Олимписки комитет Володимир Герашченко бил суспендиран откако Би Би Си емитуваше наводи дека тој понудил продажба на 100 билети за претстојните Олимписки игри во Лондон. Претседателот на Комитетот, поранешниот шампион во скок со стап Сергеј Бубка кој го суспендира Герашченко најави дека независна комисија ќе ги испита ваквите наводи. Продажбата на неавторизирани билети е незаконско во Британија. Украинскиот Олимписки комитет има на располагање 2900 билети кои треба да ги подели на официјални личности и групи.
XS
SM
MD
LG