Достапни линкови

logo-print

Македонски владин тим на бизнис форуми во Торино и Милано


Македонски владин тим, предводен од премиерот Никола Груевски, денеска ќе ги презентира економските и инвестициските потенцијали на земјата пред италијански инвеститори во Торино и Милано. Во делегацијата се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида. Во Милано тие ќе присуствуваат и на работна вечера што ја организира Американската комора во Италија.
XS
SM
MD
LG