Достапни линкови

logo-print

Пакистан: четворица убиени во напад со беспилотно летало


Четири луѓе за кои се претпоставува дека биле вооружени екстремисти биле убиени во северниот дел на Пакистан кога од американско беспилотно летало биле истрелани два проектила, соопштија пакистанските разузнавачки служби. До нападот дошло во градот Дата Кел кој е познат како упориште на исламските екстремисти. Околу употребата на вакви летала се спорат Соединетите држави и Пакистан кој бара нивна забрана. Вашингтон стави до знаење дека нема намера да го стори тоа.
XS
SM
MD
LG