Достапни линкови

Иран испрати протестна нота до Азербејџан


од минатонеделните протести

од минатонеделните протести

Иранското министерство за надворешни работи испрати протестна нота до Азербејџанскиот амбасадор во Техеран, во која е наведено дека „честа и достоинството на Исламската република биле повредени“ за време на анти-иранските протести во Баку минатата недела. Иран во понеделникот го повлече на консултации својот амбасадор од Азербејџан. Потегот следеше по протестот на десетици демонстранти пред дипломатското претставништво во Баку. Како причина за демонстрациите беше наведена „анти-азербејџанската политика на Техеран“.
XS
SM
MD
LG