Достапни линкови

Франција не сака да полемизира со Груевски


Официјален Париз не сака да навлегува во полемики во однос на изјавите на македонскиот премиер, изјави портпаролот на Кеј Д’Орсеј, Бернар Валеро во врска со интервјуто на премиерот Груевски за државната агенција во кое лидерот говори за „двојните стандарди на големите сили како САД, Франција и Германија“. Во изјава за „Дојче Веле“ портпаролот вели дека проширувањето на НАТО не било на дневниот ред на самитот во Чикаго но, затоа се дискутирало за другите прашања. Не е ни место, ни време за полемики, вели во писмениот одговор Бернар Валеро.
XS
SM
MD
LG