Достапни линкови

Медведев се зачлени во „Обединета Русија“


Рускиот премиер и поранешен претседател Димитриј Медведев стана член на владеачката партија во земјата, по четиригодишен стаж на раководна државна функција. До сега Медведев не беше член на „Обединета Русија“. Одлуката на екс-претседателот се случува пред конгрес на партијата на кој се очекува Медведев да биде назначен за партиски лидер, место од кое отстапи новоизбраниот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG