Достапни линкови

logo-print

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Јапонија


Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Јапонија од ниво АА на А-плус со негативни перспективи. Фич соопшти дека одлуката е донесена поради растечките ризици од јавниот долг на земјата, Бруто долгот на јапонската влада се проектира на 239 отсто од економијата до крајот на годинава – највисоко ниво во индустриски развиена земја. Агенцијата смета дека владините напори за справување со ваквата состојба се „лежерни“.
XS
SM
MD
LG