Достапни линкови

Петмина полицајци осудени на казна затвор во Египет


Судот во Каиро осуди во отсуство петмина полицајци на десет години затвор, обвинети за убивање демонстранти за време на протестите против режимот на екс-претседателот Хосни Мубарак. Двајца полицајци добија едногодишна суспензија додека десетмина беа ослободени од обвиненијата во случајот со убиените петмина демонстранти за време на протестите од 28 до 29 јануари минатата година. Станува збор за најстрога казна против припадници на безбедносните сили во земјата.
XS
SM
MD
LG