Достапни линкови

Јемен нема да ја прекине офанзивата против Ал Каеда


од вчерашниот напад во Сана

од вчерашниот напад во Сана

Шефот на јеменската армија изјави дека безбедносните сили во земјата нема да се повлечат во офанзивата против припадниците на терористичката АЛ Каеда, по нападот на бомбаш самоубиец во кој загинаа 96 војници. Станува збор за еден од најкрвавите напади во јеменскиот конфликт. Вчерашниот напад, во кој 300 војници беа повредени, предизвика остри реакции од западните земји. Американскиот претседател Барак Обама се заложи дека ќе работи со власта во Јемен со цел да се победат силите на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.
XS
SM
MD
LG