Достапни линкови

logo-print

„Новиот бран“ ја разбранува охридската политичка сцена


Совет на општина Охрид

Совет на општина Охрид

Иако до локалните избори има уште една година, во Охрид веќе одамна е започната предизборната кампања. Можe да се слушнат навреди, клевети и обвинивања.

Новиот бран на Никола Груевски внесе паника и во редовите на охридските вмровоци. Испаничени од најавените смени, во локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, место да ги анализираат своите постапки, тие продолжуваат неаргументирано да ја напаѓаат работата на Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески.

За успешност од СДСМ го сметаат пазарењето и гласањето на советниците на СДСМ и коалицијата за ДУП-ови кои го нарушуваат централното подрачје и крајбрежието на Охрид.
Охрид.

Охрид.

Со тоа, сакаат да ја замајуваат јавноста и одговорноста за нивните грешки и неуспеси, да ја префрлат на други и да се спасат од внатрепартиската чистка, велат од општина Охрид, како реакција на обвинувањата на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, Атанаско Михаилов дека сегашниот градоначалник потрошил 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без при тоа да не реализира ниту една инвестиција. Михаилов и со други обвинувања до Петрески.

„За успешност од СДСМ го сметаат пазарењето и гласањето на советниците на СДСМ и коалицијата за ДУП-ови кои го нарушуваат централното подрачје и крајбрежието на Охрид. За успешност од СДСМ ја сметаат пропаста на јавните претпријатија во Охрид, посебно новоформираните и нивното континуирано задолжување за кои безличните советници на СДСМ и коалицијата секогаш гласаат за поддршка“, рече Михаилов.

Разжестени, како да се во предизборна кампања, со недолична политичка реторика. Иако сте во невидена паника, дали ќе ве зафати „бранот“ на вашиот лидер Груевски, треба да бидете уште позагрижени за вашата политичка иднина, зошто граѓаните ги препознаваат вашите лаги и сигурно, заедно со него, ќе ве казнат во следниот изборен бран.
Михаилов уште прашува дали за успешност од СДСМ го сметале фактот дека градоначалникот Петрески и неговите другари во локалната самоуправа имале десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината, фактот дека Охрид станал тема на потсмев и тема за виц поради неартикулираните изјави на Градоначалникот. Дали за успешност го сметале новонапревениот долг од 15 милиони евра. Општинскиот портпарол Симон Илиевски вели дека ДПМНЕ се однесува како да се наоѓа во предизборна кампања при тоа изнесувајки работи без аргументи.

„Разжестени, како да се во предизборна кампања, со недолична политичка реторика. Иако сте во невидена паника, дали ќе ве зафати „бранот“ на вашиот лидер Груевски, треба да бидете уште позагрижени за вашата политичка иднина, зошто граѓаните ги препознаваат вашите лаги и сигурно, заедно со него, ќе ве казнат во следниот изборен бран“, рече Илиевски.

Најнапред оценете ја вашата успешност и после зборувајте за успешноста на другите. Но граѓаните на Охрид одамна ве имаат прочитано и повеќе ниту збор не веруваат од она што го кажувате, зошто знаат дека не е така, и дека единствена цел ви е да ја освоите власта во Охрид, реагираа од СДСМ.

Ова доволно покажува дека иако има уште една година до локалните избори, предизборната кампања барем во Охрид веќе одамна е започната.
XS
SM
MD
LG