Достапни линкови

Грчки банки ќе добијат пари за докапитализација


Четирите најголеми грчки комерцијални банки до петок ќе добијат 18 милијарди евра средства за докапитализација, јавуваат медиумите повикувајки се на изјави на неименувани банкари. Парите би требало да стигнат во форма на обврзници од Европскиот фонд за финансиска стабилност. Средствата се потребни за докапитализација на „Алфа банк“, на Националната банка на Грција, на „ЕФГ Еуробанк“ и на „Пиреус банк“. Европската централна банка минатата недела го прекина финансирањето на некои грчки банки поради ниско ниво на капитал.
XS
SM
MD
LG