Достапни линкови

Кризата во Еврозоната може да ја потресе светската економија


Организацијата за економска соработка и развој смета дека кризата во Еврозоната може да го исфрли од колосек глобалното економско опоравување. Организацијата предвидува дека економската активност во еврозоната ќе се намали за 0,1 процент, пред опоравување од 0,9 отсто во 2013 година. Шефот на организацијата Пиер Карло Падоан рече дека „кризата во еврозоната останува единствениот најголем ризик за глобалната перспектива“. Тој ги повика лидерите на земјите од Еврозоната да поттикнуваат развој и да работат на намалување на дефицитите.
XS
SM
MD
LG