Достапни линкови

Десетмина осудени за тероризам во Русија


Нападот се случи во Ноември 2009 година

Нападот се случи во Ноември 2009 година

Судот во областа Твер во западот на Русија изрече затворски казни за десетмина исламистички милитанти обвинети за инволвираност во бомбардирање на воз во регионот во 2009 година, инцидент во кој загинаа 27 лица а стотина беа повредени. Четворица обвинети добија доживотни казни затвор додека останатите шестмина беа осудени на седум до осум години. Судењето се одвиваше зад затворени врати. Десетмината обвинети се од руската република Ингушетија.
XS
SM
MD
LG