Достапни линкови

Македонија - НАТО, разочарани, но посветени


Учесниците на Самитот на НАТО во Чикаго 2012.
Учесниците на Самитот на НАТО во Чикаго 2012.

Не верувам дека сега ќе се создаде некоја социо-ментална состојба на резигнираност, разочараност или дефетизам, вели професор Димитар Мирчев.

Македонија мора да остане на линија на стратегиската определба за членство во Алијансата, да продолжи со реформите и со учеството во меѓународните мисии и да се потруди да постигне напредок во изнаоѓање решение во спорот за името, се воглавно реакциите на домашните експерти по сосема извесните и очекувани заклучоци кои ги донесоа во однос на Македонија земјите членки на НАТО во завршната декларација.
Тоа што сега ни претстои е да истраеме на својата цврста определба за влез во НАТО. Второ, да продолжиме со тие реформи во одбранбениот сектор, па и во другите сектори на општеството. Може да дојде до разрешување или барем до смирување на политичките страсти во врска со спорот за името со Грција, што би водело кон покана за влез на Македонија во НАТО.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

„Тоа што сега ни претстои е да истраеме на својата цврста определба за влез во НАТО. Второ, да продолжиме со тие реформи во одбранбениот сектор, па и во другите сектори на општеството. Може да дојде до разрешување или барем до смирување на политичките страсти во врска со спорот за името со Грција, што би водело кон покана за влез на Македонија во НАТО“, вели професор Димитар Мирчев.
Учесниците на Самитот на НАТО во Чикаго 2012.
Учесниците на Самитот на НАТО во Чикаго 2012.

За него, Македонија може да ја забележи како успех од самитот во Чикаго поддршката на голем број од земјите-членки што може да придонесе да зајакне меѓународната позиција на земјава.

Реакциите на домашните политичари, а пред се повиците на перемиерот во однос на поддршката од големите сили како што се САД, Франција и Германија, нарекувајќи ја лицемерна не е во духот на нашата стратешка цел и е во функција на лични и партиски интереси, анализира професор Назми Малиќи.

„Јас мислам дека повеќе беа во прашање емоции и неконтролирани изјави што не може да се поткрепат со аргументи дека овие три држави не граделе коегзистентна и добра политика и дипломатска активност кон нас. Сега партиските интереси и персоналните интереси на политичарите треба да останат надвор од стратегиската цел што ја има државата“, вели Малиќи.

За професор Мирчев станува збор само за времени реакции кои произлегле од неуважувањето на македонските аргументи кои би влијаеле на конечната одлука за влез во НАТО, но дека тоа не ја менува државната стратегија.

„Така што не верувам дека сега ќе се создаде некоја социо-ментална состојба на резигнираност, разочараност, дефетизам и слично“, вели Мирчев.

НАТО е единствениот проект во Македонија кој има меѓунационален, меѓупартиски и меѓуинтелектиуален консензус и тој не треба да се загуби, вели Малиќи. Она што меѓу редови може да се прочита во пораките од земјите членки на Алијансата, констатира Малиќи, е дека за Македонија не е проблем само името, туку и други дефекти во домашната политика.
XS
SM
MD
LG