Достапни линкови

Земјотресот во Бугарија почуствуван и во околните земји


Bulgaria/Romania -- the new Southstream route, undated

Bulgaria/Romania -- the new Southstream route, undated

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени, според Рихтеровата скала, е регистриран минатата ноќ во регионот на бугарскиот главен град Софија, соопшти Сеизмолошкиот центар при Геофизичкиот институт на Бугарската академија на науките.
По првиот потрес до претпладнето се регистрирани уште околу 30 последователни земјотреси, од кои најсилниот бил со интензитет од 4,3 степени според Рихтер.
Бугарскиот министер Цветан Цветанов изјави дека при земјотресот нема жртви, додека агенцијата БТА инфромира за најмалку 30 повредени во реонот на Перник.
Потресот предизвика и помали материјални штети на териториите на Софија и Перник. Жителите на Перник и на Софија по земјотресот масовно излегле на улиците.
Земјотресот е почуствуван во поголемиот дел на Бугарија, како и во Македонија, Грција, Србија, Романија и европскиот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG