Достапни линкови

Регионално против говорот на омраза


Регионална конференција за справување со кривичните дела мотивирани од омраза и со говорот на омраза.

Регионална конференција за справување со кривичните дела мотивирани од омраза и со говорот на омраза.

Постоењето на состојби на нетолеранција и омраза врз верска, расна и која и да е друга основа, создава услови за конфликтност која може да прерасне во насилство и општествена дезорганизација, порачаа меѓународни претставници и експерти од земјава и регионот.

Појавата на кривични дела мотивирани од омразата и последиците од говорот на омраза веќе подолго време ја преокупираат меѓународната заедница и затоа се прават силни напори за да се утврдат причините за оваа негативна појава, беше речено на денешната регионална конференција за ефикасно справување со кривичи дела од омраза и говорот на омраза.
Криминалните дела мотивирани од омразата и сите форми на говор на омраза кои шират промовираат или оправдуваат расна, верска или други видови на омраза или нетолеранција се во директен судир со вредностите на модерните демократии и претставуваат напад врз мирољубивиот соживот. Адекватниот одговор на надлежните е подеднакво важен и за индивидуалната и за колективната безбедност. Владата има одговорност да обезбеди адекватен одговор, а во мандатот на нашите мисии е да ги поддржиме тие напори.

Постоењето на состојби на нетолеранција и омраза врз верска, расна и која и да е друга основа, создава услови за конфликтност која може да прерасне во насилство и општествена дезорганизација, порачаа меѓународни претставници и експерти од земјава и регионот.

„Криминалните дела мотивирани од омразата и сите форми на говор на омраза кои шират промовираат или оправдуваат расна, верска или други видови на омраза или нетолеранција се во директен судир со вредностите на модерните демократии и претставуваат напад врз мирољубивиот соживот. Адекватниот одговор на надлежните е подеднакво важен и за индивидуалната и за колективната безбедност. Владата има одговорност да обезбеди адекватен одговор, а во мандатот на нашите мисии е да ги поддржиме тие напори, рече шефот на мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет.
Регионална конференција за справување со кривичните дела мотивирани од омраза и со говорот на омраза.

Регионална конференција за справување со кривичните дела мотивирани од омраза и со говорот на омраза.


Во контекст на тоа дека надлежните преземаат напори за спречување на ваквите појави во Македонија, заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров потсети на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, со кои, како што рече, се воведени нови отежнителни околности доколку кривичното дело е мотивирано од омраза.

„Свесни сме дека кога човековите права се во прашање, секогаш постои потреба и простор за поголем ангажман и дека сите ние индивидуално и колективно, треба постојано да придонесуваме за постигнување прогрес во имплементацијата на стандардите што заеднички ги договоривме, рече Петров.

Претставничката на мисијата на ОДИХР, Каролин Бис ги презентираше размислувањата за законодавството и гонењето на кривичните дела од омраза. Мисијата на ОДИХР е одговорна за подготвување на Годишниот извештај за кривичните дела од омраза во регионот и за поддршка на земјите членки на ОБСЕ во исполнувањето на нивните обврски во таа област.

„Најистакната е обврската на ОДИХР со одлуката од 2009 година на Министерскиот совет која ги набројува обврските кои треба да се преземат, а тоа се донесување законодавство, истражување, гонење, и казнување на кривичните дела од омраза, собирање и истражување на јавно достапни информации, поддржување на граѓанското општество, обезбедување помош на жртвите итн.“

Учесниците на конференцијата посочија дека таа претставува добра можност за рамена на мислења, искуства и можни начини за справување со криминалот од омраза и говор на омраза, како и за натамошно унапредување заштитата на човековите права и слободи во регионот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG