Достапни линкови

Обама: НАТО е посилен по самитот во Чикаго


Американскиот претседател Барак Обама по завршувањето на дводневниот самит на НАТО во Чикаго, 21.05.2012.

Американскиот претседател Барак Обама по завршувањето на дводневниот самит на НАТО во Чикаго, 21.05.2012.

Американскиот претседател Барак Обама по завршувањето на дводневниот самит на НАТО во Чикаго оцени дека Алијансата сега е многу посилна и поподготвена за идните предизвици. Тој додаде дека НАТО прерасна во центар на глобалната безбедност.

„Пред две години во Лисабон преземавме акции на неколку полиња, важни за иднината на нашата Алијанса, а во Чикаго се заложивме да сториме уште повеќе“, изјави американскиот претседател Барак Обама, сумирајќи ги резултатите од дводневниот самит на НАТО во Чикаго.
Мислам дека во крајна линија заминуваме од Чикаго со НАТО сојуз кој е посилен, поспособен и поподготвен за иднината. Како резултат на тоа сите членки, вклучувајќи ги и Соединетите држави, се побезбедни и ние сме во посилна позиција во однос на безбедноста, просперитетот и слободата во светот.

„Мислам дека во крајна линија заминуваме од Чикаго со НАТО сојуз кој е посилен, поспособен и поподготвен за иднината. Како резултат на тоа сите членки, вклучувајќи ги и Соединетите држави, се побезбедни и ние сме во посилна позиција во однос на безбедноста, просперитетот и слободата во светот.“

Обама додаде дека европскиот одбранбен систем може да биде подрачје за соработка меѓу НАТО и Русија, бидејќи противракетниот штит не бил насочен кон таа земја, ниту пак неговата намера, како што рече, била да ја загрози руската безбедност. Сепак, Обама додаде:
Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен и претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен и претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи.


„Се согласивме да ги продолжиме воздушните патроли над нашите Балтички сојузници со што се рефлектира нашата непоколеблива заложба за колективна одбрана.“

Говорејќи за состанокот на НАТО со земјите партнери на Алијансата, претседателот Обама оцени дека тој бил без преседан со оглед на тоа што на него учествувале 28 земји членки на НАТО и 13 земји од целиот свет.
Најважно е Европа да признае дека проектот за еврото е многу повеќе од валута.

„Секоја од овие земји придонесува во операциите на НАТО на различни начини, воено, политички, финансиски и сите сакаат да работиме повеќе заедно. Да се види широкоградоста на овие земји претставени на состанокот е да се види како НАТО навистина стана центар на глобалната безбедност.“

Американскиот претседател, говорејќи за должничката криза во Европа изјави дека светските лидери биле едногласни Грција да остане во еврозоната.

„Најважно е Европа да признае дека проектот за еврото е многу повеќе од валута“, рече Обама, кој се осврна и врз главното прашање на самитот во Чикаго, повлекувањето на НАТО силите од Авганистан. Тој додаде дека до средината на идната година НАТО треба ја предаде контролата за безбедноста врз авганистанските сили со цел сите странски војници да заминат од таа земја до крајот на 2014 година.

„Не мислам дека некогаш ќе постои оптимална точка кога ќе кажеме: Се е направено, ова е перфектно, ова е токму онака како што сакавме и сега ќе ја спакуваме опремата и ќе си одиме. Ова е процес, некогаш и несреден, исто како што беше со Ирак.“

Задоволство од постигнатото на самитот во Чикаго изрази и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен:

„Дојдовме во Чикаго со цели и ги исполнивме. Се фокусиравме врз иднината на Авганистан, решивме да инвестираме паметно во нашата одбрана во време на штедење и се ангажиравме со нашите партнери во светот да ги пресретнеме предизвиците со кои сите се соочуваме во 21 век“, изјави Расмусен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG