Достапни линкови

Иран се согласи на инспекција на спорните нуклеарни капацитети


Шефот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија Јукија Амано

Шефот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија Јукија Амано

Техеран се согласи на истрага за спорните нуклеарни воени проекти. Ова го изјави шефот на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија Јукија Амано во Виена по враќањето од дводневната посета на Иран. За утре пак е закажана средба меѓу Иран и 6 - те светски сили во Багдад околу барањето на запад Техеран да докаже дека неговата нуклеарна програма е наменета за мирољубиви цели. Иранскиот преговарач Саед Џалил, кој пристигна во Багдад, изјави дека се надева дека ќе започне нова соработка.
Според известувањата, Техеран можеби ќе побарал симнување на санкциите во замена за поголем пристап на меѓународните инспектори до иранските нуклеарни капацитети. Шесте свестки сили се Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG