Достапни линкови

Невработеноста кај младите во светот на кризното ниво


Организацијата на ОН за труд во Женева

Организацијата на ОН за труд во Женева

Организацијата на ОН за труд соопшти дека нивото на невработеност кај младите речиси се врати на она на врвот на глобалната криза во 2009.
Меѓународната организација за труд наведува дека речиси 75 милиони луѓе, односно 12,7 проценти на возраст од 15 до 24 години ќе останат без работа годинава.
Според ИЛО, невработеноста кај младите е највисока во Северна Африка – 27,9 насто. Во југо-источна Европа таа благо се намали на 17,6 насто во 2011. Од кризата најпогодена е женската популација, се вели во извештајот на ИЛО.
XS
SM
MD
LG