Достапни линкови

Земјотрес со јачина од 5, 6 степени ја погоди Бугарија


Земјотрес со јачина од 5.6 степени ја погодил западна Бугарија, јавија бугарските медиуми. Епицентарот на земјотресот се наоѓал помеѓу Софија и градот Перник, 30 километри јужно од главниот град.
Според досегашните податоци на Сизмолошката опсерваторија на Природно- математичкиот факутет во Скопје, земјотресот е почуствуван во источниот дел од Македонија со посилетн интензитет, а со послаб интензитет во централниот дел од Македонија.
Нема информации за жртви или поголема материјална штета, освен урнати оџаци и една постара куќа, соопшти градоначалникот на Перник. Земјотресот кој ја погоди Бугарија во 3 часот по локално време, предизвика прекини на струјата во некои области.
XS
SM
MD
LG