Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност го осуди терористичкиот напад во Јемен


Полицијата го истражува местото на нападот.

Полицијата го истражува местото на нападот.

Советот за безбедност на ОН најостро го осуди терористичкиот напад во Јемен во кој загинаа најмалку 96 луѓе, а повеќе од 300 се повредени. Во соопштението од Советот се наведува дека нападот во Јемен е криминален чин за кој нема оправдување, без разлика на мотивите на оние кои стојат зад него и без разлика кои се сторителите.

Советот повторно истакна дека тероризмот е една од најсериозните закани по меѓународниот мир и безбедност и ја повтори својата одлучност во борбата против сите видови на тероризам. Нападот во Јемен претходно го осудија и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и САД.

Вреча утрото еден јеменски војник активирал експлозив додека војниците се подготвувале за парадата по повод одбележување на 22 годишнината од обединувањето на северниот и јужниот дел на Јемен. Ова е прв ваков напад откако во февруари на власт дојде Абд Рабу Мансур Хади кој најави бескомпромисна борба против Ал Каеда, која ги искористи масовните протести против поранешниот претседател Али Абдула Салех и освои поголем дел од југот на земјата.
XS
SM
MD
LG