Достапни линкови

Американскиот Сенат одобри нови санкции за Иран


Американскиот Сенат одобри пакет на нови економски санкции наменети за нафтениот сектор на Иран. Санкциите се наменети за Техеран да почне да се откажува од договорите со моќните државни нафтени компании. Западот се сомнева дека Иран работи на создавање на нуклеарна бомба, па затоа воведува санкции кон Техеран. Иран ги негира таквите тврдења. Претставничкиот дом веќе изгласа своја верзија на предлог-законот за санкции и сега останува со Сенатот да го усогласат законодавството.
XS
SM
MD
LG