Достапни линкови

Германија и Франција: Грција има место во еврозоната


Треба да се направи се за Грција да остане во монетарната унија, изјавија министрите за финансии на Германија и на Франција Волфганг Шојбле и Пјер Московиси.

„И двајцата сметаме дека Грција има место во еврозоната, но Атина треба да ги исполни ветувањата, нагласи Московиси на заедничка прес-конференција за време на првата посета на Берлин како министер за финансии.

Според него Европа треба да испрати сигнали за зајакнување на инвестициите и растот во Грција во момент кога земјата е во голема рецесија и да се испрати охрабрувачка порака.

Новиот француски министер истакна дека Париз ќе ја исполни обврската за намалување на буџетскиот дефицит уште во 2013 година и ќе се врати кон буџетски баланс во 2017 година, како што е договорено. Тој нагласи дека обврските, преземени од претседателот Франсоа Оланд за време на предизборната кампања ќе бидат исполнети.
XS
SM
MD
LG