Достапни линкови

logo-print

Авганистан благодарен за подршката од НАТО


Авганистански војник.

Авганистански војник.

Амбасадорот на Авганистан во САД изјави дека неговата земја е благодарна за поддршката од НАТО сојузниците што ја ветија на самит во Чикаго и дека со нетрпение го очекува трајното партнерство со Алијансата во годините што доаѓаат.

„Договорот постигнат меѓу претседателот Хамид Карзаи од една страна и САД и нивните сојузници од друга, ќе испрати силна порака за регионот, посебно до авганистанскиот народ, дека Кабул нема да биде оставен сам откако НАТО ќе заврши со својата борбена мисија во земјата во 2014 година, изјави амбасадорот Еклил Хакими.

Тој изјави дека авганистанските сили ќе бидат подготвени до средината на 2013-та да ги преземат работите во свои раце.
XS
SM
MD
LG