Достапни линкови

Иванов: Во Чикаго требаше да се исправи неправдата од Букурешт


Македонија како активен учесник во ИСАФ ги споделува одговорностите, обврските и ризиците, но истовремено очекува да ги споделува и правата и придобивките кои доаѓаат со членството. Македонија и покрај придонесот и покрај целосно исполнетите услови уште од 2008 година, е блокирана на патот кон членство во НАТО од услов кој го поставува членка на Алијансата, услов кој нема никаква корелација со критериумите за членство, изјави претседателот Ѓорге Иванов на состанокот во Чикаго на шефови на држави и влади учеснички во мисијата ИСАФ, пренесе МИА. Иванов им пренел на своите соговорници дека граѓаните и лидерството на Македонија се целосно разочарани од досегашните одлагања.

„Сега беше потребно да се поправи грешката и неправдата од Букурешт. Но, за нас, прашањето никогаш не било дали Македонија ќе стане членка на НАТО, туку кога. И, што поскоро, тоа подобро“, рече Иванов. Тој рече дека одлагањето за прием во НАТО не е неуспех на Македонија.

На маргините на Самитот на НАТО, Иванов се сретнал со претседателите на Франција, Франсоа Оланд, и на Азербејџан, Илхам Алиев, како и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
XS
SM
MD
LG