Достапни линкови

Расте бројот на загинати во експлозијата во Јемен


Бројот на загинати во експлозијата во Јемен се искачи на 90 лица а 200 се повредени. Бомбаш самоубиец, за кого постојат сомненија дека имал врски со терористичката Ал Каеда, детонираше експлозивна направа на плоштад во Сана, близу претседателската палата. Медиумите јавуваат дека јеменскиот министер за одбрана и шефот на неговиот кабинет биле на местото на настанот, но не биле повредени.
XS
SM
MD
LG