Достапни линкови

logo-print

Погребан бомбашот на летот „Пан Ам“ кој почина од рак


Абдел Басет ал Меграхи, поранешниот либијски разузнавач кој беше осуден за бомбардирањето на летот „Пан Ам“ во 1988 година, беше погребан на мирна церемонија во предградието на либијскиот главен град. Меграхи почина во неделата по долга борба со ракот. На 60 годишна возраст поранешниот разузнавач беше осуден за накрвавиот терористички напад во поновата британска историја, во кој загинаа 270 лица. Тој беше ослободен од затвор во 2009 година, кога беше откриено дека боледува од рак. Британскиот премиер Дејвид Камерон во неделата изјави дека Меграхи никогаш не требал да биде пуштен на слобода.
XS
SM
MD
LG