Достапни линкови

Власта и опозицијата се расправаат за предлог- измени на уставот


СДСМ нема да се откаже од предлогот за измена на Уставот со кој требаше да се овозможи делата поврзани со евентуалната криминална приватизација да не застаруваат. Координаторот на пратеничката група Игор Ивановски денеска во Собранието на Република Македонија изјави дека овој нивни амандман повторно ќе се најде на дневен ред кога во Парламентот ќе има друго мнозинство. Според него, денешното одбивање на нивниот предлог од страна на парламентарното мнозинство е поради тоа што власта не е заинтересирана да расчисти со криминалот во периодот на транзицијата и затоа што со амандманот би им се одзела можноста да ја користат приватизацијата како основа за дневно-политичка пресметка. Предлогот на СДСМ претставува уште еден обид за политичка амнестија на лидерот на партијата, оценува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата. ВМРО-ДПМНЕ смета дека предлогот е правно банален и оти СДСМ смислила начин да си го покрие криминалот со закони кои сами си ги донеле.
XS
SM
MD
LG