Достапни линкови

Четиринаесетмина затвореници обесени во Иран


Четиринаесетмина биле обесени во Иран откако биле прогласени за виновни за тргување со дрога. Обвинителството во Техеран испрати соопштение во кое се наведуваат само иницијалите на осудените. Лани во Иран биле егзекуирани намјмалку 360 лица, од кои повеќето за тргување со дрога, проценуваат од меѓународната „Амнести Интернешнл“. Официјален Tехеран ја смета смртната казна за неопходна со цел одржување на јавниот ред и мир во земјата.
XS
SM
MD
LG