Достапни линкови

Николиќ - можност за радикализација на Балканот


Новоизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.

Новоизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.

Односите во регионот се под закана да се радикализираат, по изборот на Томислав Николиќ за претседател на Србија, анализираат дел од домашните експерти.

Ако се земат предвид досегашните изјави на новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ, како и неговите ставови кои произлегуваат од неговата партиска определба, односите во регионот се под закана да се радикализираат што и да се подразбира под тоа, анализираат дел од експертите во Македонија. Сепак, според нив, Србија ќе мора да ги следи европските стандарди, а мора да се следи и логиката дека Николиќ како претседател нема да може да остане на опозициските, честопати сензационалистички изјави.
Мислам дека самиот избор веќе за него претставува една закана за регионот. Најверојатно тие односи прво ќе се чувствуваат во односите Србија-Косово во тие преговори што ги водат во Брисел. Второ, иако тој декларативно е за европски интеграции, меѓутоа односот кон Македонија, кон Косово, односно кон регионот ќе биде многу порадикален, поостар.

„Мислам дека самиот избор веќе за него претставува една закана за регионот. Најверојатно тие односи прво ќе се чувствуваат во односите Србија-Косово во тие преговори што ги водат во Брисел. Второ, иако тој декларативно е за европски интеграции, меѓутоа односот кон Македонија, кон Косово, односно кон регионот ќе биде многу порадикален, поостар“, е на мислење аналитичарот Исмет Рамадани.

Тој не верува дека Николиќ ќе ја базира својата политика кон Косово на своите досегашни изјави во кои вели дека сака да ги заштити Србите на Косово зашто тоа може да значи само однапред загубена битка во преговорите кои се водат во Брисел. Оттука во скорешно време не може да се очекуваат импликации врз Македонија од новиот избор за претседател кај северниот сосед, додава Рамадани, зашто, како што анализира, сите безбедносни ризици по земјава потекнуваат од внатре, но не и од можниот развој на односите меѓу Косово и Србија.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски не очекува никаква промена на надворешната политика на Србија по изборот на новиот претседател.

„На сите политичари во Србија од крајната левица до крајната десница преку центарот им е јасно дека Косово е засекогаш загубено. Прашањето е само како тоа да се голтне, како тоа да си легне на брашното, што би рекол народот. Според тоа, некои посериозни промени во односот на Николиќ и на власта на Србија кон Косово не треба да се очекуваат.“

Никовски очекува изјавите на Николиќ кои засега се и неискусни и недипломатски наскоро да го сменат тонот. Тие нема да можат да се оддалечат од суштината кон која Србија се стреми, а тоа се европските ориентации, вели тој.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG