Достапни линкови

Децата од Дебар не си ги знаат своите права


Децата не си ги знаат своите права, па според тоа не си ги ни уживаат доволно, а во училиштата нема доволно документи каде правата на децата се стриктно наведени.

Децата во општина Дебар го немаат потребното учество во процесот на одлучувањето, како во основните и средните училишта, така и во локалната заедница. Ова покрај другото се наведува во Извештајот од Мониторингот што се спроведе во оваа општина, а во врска со почитувањето на меѓународната Конвенција за правата на децата во Република Македонија.
Мониторингот покажа дека децата не ги уживаат целосно своите права. Поради оваа состојба потребно е да се создаваат механизми со цел децата да се едуцираат и да се информираат за тоа како тие можат да си го имаат своето право и како тие треба да ги користат своите права особено во процесот на одлучувањето.

Извештајот од извршениот мониторонг има цел да се даде објективна слика за состојбата со примената на наведената Конвенција во нашава земја.
Фатима Мифтар.

Фатима Мифтар.


„Мониторингот покажа дека децата не ги уживаат целосно своите права. Треба да се нагласи фактот дека децата немаат доволно познавања за нивните права. Поради оваа состојба потребно е да се создаваат механизми со цел децата да се едуцираат и да се информираат за тоа како тие можат да си го имаат своето право и како тие треба да ги користат своите права особено во процесот на одлучувањето“, вели координаторот на мониторинг групата во Дебар, Фламур Муладаути.

Тој подвлекува дека самите институции како што се училиштата но и другите локални институции го немаат соодветно поставено правото на децата во нивната документација и акти.
Наша оценка е дека има потреба децата да покажат поголем интерес во овој поглед и да знаат се за нивните права. Децата треба да се јавуваат кај нас, бидејќи ние имаме завршено обуки и сега си ги знаеме правата.

„Во Институциите нема доволно акти и документи каде правата на децата се стриктно наведени. Во институциите често стихијно се занимаваат со правата на децата и во нивните акти нема доволно одредби за правата на децата. Ние настојуваме во актите да се децидно внесени правата на децата кои им следуваат со Конвенциите.“

Преку граѓанските организации во Дебар се прават напори деца, односно ученици од средните училишта преку разни обуки да помагаат на своите врсници за познавањето на нивните права.

Фатима Мифтар е ученичка во Дебарската гимназија и е заменик дете правобранител. Таа по реализираните обуки помага на децата за да ги знаат своите права во процесот на одлучувањето.

„Според нашите контакти кои ги имаме со децата, произлегува дека тие не си ги знаат доволно своите права во сферата на одлучувањето. Наша оценка е дека има потреба децата да покажат поголем интерес во овој поглед и да знаат се за нивните права. Децата треба да се јавуваат кај нас, бидејќи ние имаме завршено обуки и сега си ги знаеме правата.“

Во насока на подобрување на правата на децата во сферата на одлучувањето, граѓанскиот сектор прави напори наскоро да го формира и Детскиот Парламент на локално ниво за што поддршка добива и од училиштата.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG