Достапни линкови

ЕУ ги поздрави изборите во Србија


Европската унија ги поздрави изборите во Србија, опишувајки ги како „јасен сигнал“ дека земјата сака да работи кон европско членство. Шефовите на Европската комисија и Европскиот совет во заедничка изјава апелираат до претседателот Томислав Николиќ да продолжи со реформите со кои земјата напредува на патот кон Европската унија. Новинските агенции јавуваат дека наводното објавување на европската честитка пред официјалното завршување на изборите било техничка грешка. ОБСЕ го поздрави „мирното и уредно гласање“ во северот на Косово во кое учествуваа околу 110,000 етнички Срби.
XS
SM
MD
LG