Достапни линкови

НАТО ги повтори заклучоците за Македонија во Чикаго


Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО, во декларацијата од самитот во Чикаго, наведуваат дека ги повторуваат заклучоците од самитот во Букурешт во 2008 година, дека ќе упатат покана до Република Македонија за членство во Алијансата штом се најде заемно прифатливо решение на прашањето за името. Во заклучоците воедно се оценува дека брзо изнаоѓање на вакво решение, и македонското членство во НАТО, ќе придонесат кон безбедноста и стабилноста на регионот. „Го охрабруваме продолжувањето на преговорите без одложување и очекуваме дека ќе бидат завршени што е можно поскоро. Ги поздравуваме и продолжуваме да ги поддржуваме реформските напори на поранешната југословенска република Македонија и го охрабруваме нивното натамошно спроведување. Исто така, би сакале да ги охрабриме напорите дополнително да се изгради мулти-етничкото општество. Го цениме значителниот придонес на поранешната југословенска република Македонија кон нашите операции, како и нејзината активна улога во регионалните активности за соработка. Ја цениме долготрајната посветеност на поранешната југословенска република Македонија кон процесот на членство во НАТО“ пишува во делот од декларацијата посветен на Македонија.
XS
SM
MD
LG