Достапни линкови

Амано се сретна со властите во Техеран


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано се сретна со претставници на иранскиот државен врв денеска во Техеран. Директорот разговарал со првиот човек на иранската нуклеарна организација Ферејдоун Абаси Давани. Се очекува Амано да се сретне и со иранскиот преговарач за нуклеарната програма Саед Џалили и министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи. Меѓународната агенција, која е дел од Обединетите нации, сака да изврши контрола со цел да се утврди дали иранската нуклеарна програма се користи за производство на оружје. Посетата на Амано се случува пред следната рунда разговори меѓу Иран и претставници на шесте светски сили, која ќе се одржи во среда во Багдад.
XS
SM
MD
LG