Достапни линкови

Која е алтернативата за НАТО за Македонија?


Архивска фотографија: Воена вежба на АРМ на полигонот Криволак.

Архивска фотографија: Воена вежба на АРМ на полигонот Криволак.

Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека во ситуација кога Македонија не е членка на НАТО, треба да се размислува за алтернативни решенија за развој на безбедноста, но да не бидат на штета на нашето НАТО интегрирање.

Во ситуација кога Македонија не е членка на НАТО ние мора да инвестираме во одбранбениот сектор, но и да размислуваме за алтернативни решенија за развој на сопствената безбедност, но притоа да не бидат на штета на нашето НАТО интегрирање. Ова е ставот на заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, според кого, иако НАТО останува наш стратешки приоритет, оправдани се дилемите дека кога не сме негова членка, мора да имаме алтернативи, а една од нив би била соработка со други земји кои не се членки на Алијансата, но кои истовремено не се и алтернатива за НАТО.
Ние имаме блиска соработка со Кина, потенцијалот на оваа држава, па и на безбедносен план е јасен, Кина има 3 милиони активен персонал на вооружени сили. Кинески инструктори по разни вештини, борење, карате, ги обучуваат нашите специјални единици. Тоа е пример како Македонија може да соработува со земји кои се географски подалеку и кои не се дел од овој блок на земји за кои зборуваме.

„Пример, ние имаме блиска соработка со Кина, потенцијалот на оваа држава, па и на безбедносен план е јасен, Кина има 3 милиони активен персонал на вооружени сили. Кинески инструктори по разни вештини, борење, карате, ги обучуваат нашите специјални единици. Тоа е пример како Македонија може да соработува со земји кои се географски подалеку и кои не се дел од овој блок на земји за кои зборуваме.“
Самитот на НАТО во Чикаго.

Самитот на НАТО во Чикаго.


Иако ваквите размислувања можат да се слушнат и кај дел од експертската јавност, политичките партии се уверени дека земјава нема друга алтернатива освен Алијансата. НАТО е едно од ретките прашања околу кое постои консензус меѓу сите партии, етнички групи и социјални слоеви во Република Македонија, вели Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ
Постојат неколку безбедносни организации кои се далеку од перформансите на НАТО, кои тоа свое однесување во трансформирањето на безбедносните системи на поранешните недемократски држави го има докажано во изминативе 20 години минимум. Значи по сите перформанси НАТО е подобар по која било споредба од која било безбедносна организација на тоа подрачје на Евроазија.

„НАТО е меѓународен безбедносен чадор каде што Република Македонија ја проектира својата иднина од независноста до денес. Не постои друга алтернатива освен НАТО за безбедносниот развој на Република Македонија.“

И покрај проблемите кои земјава ги има околу членството во Алијансата, ние треба да ги премостиме сите пречки за да си обезбедиме место во тој клуб, велат од Демократската Унија за интеграција. Талат Џафери од оваа партија вели дека секоја варијанта за поинакви безбедносни решенија на земјава би била на штета на македонските граѓани.

„Во глобални односи по однос на безбедноста, алтернатива за НАТО структурата во моментов нема.“

Македонија не треба да размислува за алтернативни безбедносни модели, се согласува и Стево Пендаровски, претседавач на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ.

„Постојат неколку безбедносни организации кои се далеку од перформансите на НАТО, кои тоа свое однесување во трансформирањето на безбедносните системи на поранешните недемократски држави го има докажано во изминативе 20 години минимум. Значи по сите перформанси НАТО е подобар по која било споредба од која било безбедносна организација на тоа подрачје на Евроазија.“

За разлика од другите безбедносни организации кои не бараат ништо од вас, НАТО поставува услови за да влезете во него, потенцира Пендаровски, според кого, токму критериумите кои треба да се исполнат за членство се добри за развојот на една демократија и за подобрување на стандардите во одредени области.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG