Достапни линкови

НАТО го промовира анти-ракетниот штит во Европа


НАТО соопшти дека долго планираниот анти-ракетен штит во Европа ќе стартува и ќе се развива. Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, на крајот од првиот ден од самитот на НАТО во Чикаго, објави дека целта на овој проект е до 2022-ра година, целата европска територија да биде заштитена од закани. Русија остро се противи на анти-ракетниот штит на НАТО и најави одговор. Расмусен изјави дека Русија нема причини за загриженост и оти може да соработува во креирањето заедничка против ракетна одбрана.
XS
SM
MD
LG