Достапни линкови

Продолжува парламентарната дебата за измени во Уставот


Собранието на Република Македонија денеска во рамките на 30. седница треба да ја продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, предложен од страна на опозициските пратеници, а се однесува на процесот на приватизација на општествениот и државниот капитал.
Се предлага дополнување на членот 52 став 4 на Уставот на Република Македонија каде е наведено дека законите и другите акти немаат повратно дејство. На тој начин, како што сметаат предлагачите, ќе се овозможи со оваа уставна одредба да нема застарување на кривичното гонење и извршувањето на казните за кривични дела поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал.
XS
SM
MD
LG