Достапни линкови

Обраќање на Иванов пред Северно-Атланскиот Совет во Чикаго


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на состанокот на Северно-атланскиот Совет за Авганистан. Во рамки на самитот на Алијансата во Чикаго тој се сретна со премиерот на Словенија Јанез Јанша на која истакнал дека НАТО има незавршена работа и обврска кон Република Македонија уште од Самитот во Букурешт. Иванов се повикал на исполнетите критериуми за членство, на нашето однесување како де факто членка во поглед на обврските, и особено на хашката пресуда, која, потенцирал, бара поинаков пристап од партнерите. Заклучокот од Букурешт е неодржлив и тој може да биде променет само на Самит, истакнал Иванов на средбата со Јанша. Премиерот Јанша, нагласувајќи дека апсолутно ја разбира позицијата и оти Словенија е свесна за сите наши аргументи, укажа дека Македонија и претходно и сега ужива целосна поддршка од Словенија.
XS
SM
MD
LG