Достапни линкови

Русија му предлага на Иран да го ограничи збогатувањето ураниум


На следната средба во Багдад, Русија сака да му предложи на Иран да го ограничи збогатувањето ураниум за 20 насто, а за возврат да добие укинување на санкциите против Техеран, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков. Во јуни во Багдад треба да се одржи средба меѓу официјални претставници на Иран и претставниците на САД, Русија, Кина, Франција, Британија, Германија и Европската Унија. Средбата е посветена на спорната нуклеарна програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG