Достапни линкови

Oбама: Стратегијата за излегување на НАТО од Авганистан е „на добар пат“


Обама и Карзаи на средба во Чикаго

Обама и Карзаи на средба во Чикаго

Денеска завршува дводневниот Самит на НАТО во Чикаго на кој учествуваат претставници на речиси 60 држави, партнерски земји и меѓународни организации. Американскиот претседател Брак Обама изјави дека стратегијата за излегување на НАТО од Авганистан до крајот на 2014 година е на добар пат и има меѓународна поддршка.
Светот застана позади стратегијата што ја развивме, рече Обама по средбата со авганситанскиот колега Хамид Карзаи за време на самитот во Чикаго.Тој сепак предупреди дека претстојат тешки денови, но дека постои уверување дека се на добар пат кон остварување на целта.
XS
SM
MD
LG