Достапни линкови

НАТО останува посветена на операциите во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека Алијансата е силно посветена на мисијата во Авганистан, за време на одржувањето на самитот на светската организација во Чикаго.
„Јасна порака од овој Самит е дека остануваме посветени на операциите во Авганистан, дека ќе продолжиме со преносот на одговорностите на Авганистанците според планот кој го дефиниравме кога се сретнавме во Лисабон во 2010 година“ изјави Расмусен. На настанот присуствуваат лидери од 50 земји, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Проширувањето на светската организација не се најде на агендата.
XS
SM
MD
LG