Достапни линкови

Авион се урна кај Бања Лука - петмина загинати


Пет лица загинаа кога спортски авион од засега непознати причини се урна во близина на Бања Лука, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Шоја. Според првичните информации, загинале инструктори и кандидати, кои по завршената обука требало да скокнат од авионот, како и пилотот кој управувал со леталото. На местото на авионската несреќа се очекува да пристигнат претставници на Дирекцијата за воздухопловство на Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG