Достапни линкови

logo-print

Осуден бомбаш почина од рак во Либија


Абделбасет ал Меграхи

Абделбасет ал Меграхи

Поранешен либијски разузнавач, осуден за бомбардирањето на летот Пан Ам во 1988 година над Шкотска, почина денеска. Абделбасет ал Меграхи, единствениот осуден за нападот во кој загинаа 270 лица, почина во неговиот дом во Триполи по долга борба со ракот. Педесет и девет годишниот Меграни беше осуден од специјален суд во Холандија во 2001 година. Во 2009 годиназатворската казна му беше укината, откако поранешниот разузнавач заболи од рак. Неговото ослободување од затвор предизвика револт меѓу роднините на загинатите.
XS
SM
MD
LG